ДРАЦЕНА (НЕГА И СОВЕТИ)

6074
Драцена - Силвана Стефановски
Драцена - Силвана Стефановски

ОПИС

Драцените се едноставни растенија кои даваат свежина на секоја просторија. Поради разновидноста која ја нудат многуте видови, можете лесно да пронајдете Драцена која ќе одговара на вашите побарувања.

Листот на Драцените е потесен или поширок, во вид на сечилона стебло кое може да биде ниско или задрвенето и долго со доста прстени кои се истакнуваат по површината.

Овие растенија го добиле името од грчкиот збор “drakaina” што значи женски змеј.  Поради присуството на црвени резидуи кои наликуваат на гума во стеблото, истото се споредува со змејова крв.

Фотографија - Александра Morpho
Фотографија – Александра Morpho

СВЕТЛИНА

Доколку сакате вашето растение да биде убаво, потребно е да го држите настрана од директни сончеви зраци.

Овие растенија сакаат филтрирана индиректна светлина, а може да толерираат и умерена свелина во домот со тоа што во тој случај треба да се внимава со наводнување бидејќи помалку ја искористуваат водата како резултат на намалените физиолошки процеси.

Фотографија: Лидија Николовска
Фотографија – Лидија Николовска

НАВОДНУВАЊЕ

Драцените сакаат умерено наводнување, што би значело дека е добро секогаш земјата да има минимална влажност, но да биде добро исцедена и истата да не се задржува околу кореновиот систем.

При наводнување треба водата да се остави во целост да излезе од саксијата, па најдобро е да ја насадите во саксии со отвори или доколку ја чувате во две саксии (пластика+керамика), не заборавајте да ја истурите водата по наводнување од украсната саксија за да не прави неповолна средина за раст на вашето растение.

СУПСТРАТ – ПОЧВА

Земјата за овие растенија треба да биде пропустлива и да има добра аерациска моќ т.е да користите перлит за да може коренот да прима доволно кислорот и да може во целост да ги користи сите материи кои ги прима преку водата

Користете мешавина од органски супстрат, но не го садете растението само во хумус.

ТЕМПЕРАТУРА

Чувајте ја на температура повисока од 15 степени.

Последици од изложување на ниска температура
Последици од изложување на ниска температура

ВЛАЖНОСТ

Драцените немаат специфични побарувања во однос на влажноста, но во текот на зимскиот период добро е да се прска повремено поради сувиот воздух од грејните тела или да биде групирана со други растенија за меѓусебна размена на гасови.

ПРИХРАНА

Може да се користи прихрана во текот на пролетната активна сезона

ТОКСИЧНОСТ

За жал, сите растении се токсични за деца и миленици доколку се конзумираат.

РАЗМНОЖУВАЊЕ

Овие растенија лесно се размножуваат со сечење и закоренување на дрвенестите ограноци.

Со сечење на главното стебло се стимулира раст на странични изданоци и разгранување на растението.

ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ

Проверувајте го растението повремено. Овие растенија знаат да бидат мета на најчестите инсекти на собни растенија како што се трипс и волнестата вошка.

Освен ова, во периодот на влажна клима може да очекувате фунгални болести кои се манифестираат со промени на листовите.

Најчести проблеми се случуваат поради задржување на влага или таложење на метали од водата.

Поради ова внимавајте како полевате и колку вода ставате.

Напад од волнеста вошка
Напад од волнеста вошка
НАПОМЕНА:
Авторот има исклучиво материјално право да го користи своето дело и да дозволува или забранува користење на делото за: издавање, репродукција,дистрибуција вклучувајќи и изнајмување.
Секое прекршување на авторското право ќе биде пријавено и ќе се постапува согласно законот.
 
ПретходнаПроверка на коренот кај растенија
СледнаФунгални болести – идентификација и третман
Силвана Стефановски
Дипломиран биохемиски инженер и сопственик на првата инстаграм страница која нуди едукација во областа на одгледување растенија @silvsplants. Главен и одговорен уредник на www.botanico.mk