Фунгални болести – идентификација и третман

735
Фотографија на Syn Gor

Што се фунгални болести?

Промени кои настануваат кај растенијата како резултат на фунгална инфекција и предизвикуваат периодично или трајно нарушување на физиолошките механизми што може да доведе до делумно или целосно уништување на растението доколку навремено не се третираат.

Овие болести се манифестираат со промени на листовите и целокупната морфологија на растенијата, зависно од тоа за која болест се работи и на каков начин истата се одразува на растот на растението.

Како се пренесуваат фунгалните болести ?

Преку 19 000 фунгални болести се познати како преносливи на културите кои растат на земјината површина.

Интересно е дека може да останат во фаза на дорманција, но се живи и на живите и на мрдвите клеточни ткива и чекаат оптимални услови за нивна пролиферација (клеточна делба).

Одредени болести може да се развијат во самите клеточни ткива, а нивните спори рапидно се расејуваат од страна на ветерот, водата, почвата, инсектите и останатите инвертебрати.

Во овој случај, може да направат инфекција на цели земјишта со култури.

Постојат и фунги кои се бенефитарни за домаќинот растение и можат да поттикнат негов раст и развој. На пример микоризните фунги се мутуалисти и делуваат и растат со растителниот коренов систем. Од друга страна патогените фунги предизвикуваат болести како што се: Антракноза, лисна дамкавост, ‘рѓавост, свенување (фусариум), дисколорација (блигт), свиоци на листовите, гниење, пепелница, фитофора, ботритис, сива мувла итн.

Брзата интервенција и честа проверка на растенијата е значајна за брзо сузбивање на болестите кои генерално брзо се шират при оптимални амбиентални услови.

Најчести болести кои може да ги сретнете кај вашите растенија и како да ги препознаете.

НАПОМЕНА – сите фотографии се превземени од интернет

 

  1. ФИТОФТОРА  (PHYTOPHTHORA)

Потемнување на врвовите на растенијата и прогресивно скапување.

2. БОТРИТИС – BOTRYTIS CINEREA (СИВА МУВЛА)

Се манифестира со флеки по листовите и стеблото и забрзано скапување на растението. Многу често се појавува и кај собни растенија и кај сукулентни растенија во влажните периоди од годината или поради задржување на влага во поволни услови на простори меѓу лист-лист или лист-стебло

3. ФУСАРИУМ (FUSARIUM)

Растенијата заболени со ова фунгално заболување најчесто покажуваат промени на листовите и тоа во обојувањето.

Прв страда коренот со што се оневозможува воден транспорт и се прави опструкција на ксилемските ткива.

Поради ова растенијата во оваа фаза каде болеста веќе се гледа одеднаш умираат за многу краток период.

Во поголемиот број на случаи, болеста го уништува во целост заболеното растение и делување е можно само превентивно.

4. ПЕПЕЛНИЦА (POWDERY MILDEW)

Растенијата заболени од Пепелница е лесно да се детектираат бидејќи истите се прекриени со бела прашкаста материја по листовите.

Појавата на ова заболување е многу честа на нашата територија, особено во пролетниот период кога температурата е оптимална за брзо ширење, а влажноста на високо ниво.

 

Најчесто фунгалните болести се шират поради не навремена превенција, неправилно наводнување, зголемена влажност или неповолен супстрат.

Секогаш внимавајте земјата да се суши пред повторно наводнување, третирајте со соодветни препарати за заштите и трудете се просторијата каде ги чувате растенијата да има добра вентилација (циркулација на воздух) со цел влагата во истиот да не се презаситува, зголемуваќи ја можноста за ширење на фунгални болести

 

НАПОМЕНА:
Авторот има исклучиво материјално право да го користи своето дело и да дозволува или забранува користење на делото за: издавање, репродукција,дистрибуција вклучувајќи и изнајмување.
Секое прекршување на авторското право ќе биде пријавено и ќе се постапува согласно законот.
ПретходнаДРАЦЕНА (НЕГА И СОВЕТИ)
Силвана Стефановски
Дипломиран биохемиски инженер и сопственик на првата инстаграм страница која нуди едукација во областа на одгледување растенија @silvsplants. Главен и одговорен уредник на www.botanico.mk