ОПИС
Вариегатна форма на Красула која од регуларната е различна само по бојата на листовите кои како што можете да видите се во неколку нијанси.
Како и секоја Красула, ова растение сака индиректна умерена светлина или шарена сенка, а размножувањето е едноставно и може да се прави и само со кршење гранче и ставање во земја, одделување на изданок со коренче или водена пропагација.
Избегнувајте директна светлина или доколку немате избор задолжително имајте заштита со мрежа за да избегнете директен контакт на сончевите зраци со допирната површина на листот.
Силна сончева светлина, особено во летниот период може да придонесе за промени во бојата, изгореници и во најлош случај уништување на растението.