ШТО СЕ ПЕРЕНИ?

582

ОПИС

Перените претставуваат тревни, шарени и издржливи растенија кои што се користат за декорирање на градините.

Овие трајни, разновидни, повеќегодишни растенија се најчестиот избор на љубителите на цветни и убави дворови и не бараат ангажман секоја година.

Кај многу луѓе се омилени цвеќиња бидејќи се наоѓаат во многу бои и форми, а се лесни за одржување и презимуваат.

Под терминот Перени се вбројуваат растенија кои живеат повеќе од две години и ги губат надземните делови во текот на зимскиот период, а во текот на пролетта повторно се појавуваат на површината на земјата.

ОДРЖУВАЊЕ И МЕСТОПОЛОЖБА

Зависно видот на растение потребно е да се обезбеди вистинската местоположба за да се добијат резултати кои ќе го задоволат нашето око со голем број на цветови.

Постојат различни видови кои можете да ги одберете зависно условите кои ги нуди местоположбата на вашиот двор или градина.

Зависно изложеноста на сонце, Перените се поделени во две категории:

Перени кои сакаат сонце

Во оваа група ќе наброиме неколку видови на перени кои можете да ги насадите доколку вашиот простор изобилува со сончеви зраци во текот на денот:

  • Ахилеа (Achillea)
  • Иберис (Iberis)
  • Гаилардија (Gaillardia)
  • Перуника (Iris Germanica)
  • Божур (Paeonia)
  • Галардија (Gaillardia)
  • Седуми (Sedum)
  • Тимус (Thymus)

Перени кои сакаат сенка и/или полусенка

Овие растенија се идеални за вашата градина доколку истата е на северо/запад, имате многу дрвја или поради други причини сакате да ги насадите на место каде немате многу сончева изложеност во текот на денот.

  • Ајуга (Ajuga)
  • Хелиопсис – лажен сончоглед (Heliopsis)
  • Јаглики (Primula)
  • Љубичици (Viola)
  • Рудбекија (Rubeckia)

За набројаните растенија, но и за многу повеќе, следете ја страницата и не пропуштајте ги новите објави

ПретходнаСите кактуси се сукуленти, но не сите сукуленти се кактуси!
СледнаКРАСУЛА ПЕРФОРАТА (Crassula perforata variegata)
Силвана Стефановски
Дипломиран биохемиски инженер и сопственик на првата инстаграм страница која нуди едукација во областа на одгледување растенија @silvsplants. Главен и одговорен уредник на www.botanico.mk