Дали се рециклира секоја пластика?
Се соочуваме со глобален проблем каде голем број од производите се направени од пластика и постојано сме насочени кон наоѓање решенија за нејзина преработка, рециклажа и реупотреба со цел истата да не биде главен загадувач на животната средина.
На секоја пластична амбалажа која ја користиме, можете да забележите добро познат симбол со три стрелки кои формираат триаголник, а значењето се поврзува со процесот на рециклирање.
Дали сте приметиле дека во триаголниците има бројка или можеби сте се запрашале што таа означува?
Токму овде зборуваме за значењето на седумте броеви кои ги има во триаголничињата и нивното значење.
Значење на седумте симболи
Пластиката во теорија може да се рециклира, но според програмата за животна средина на Обединетите Нации само околу 9% од отпадот кој произлегува од пластиката всушност се рециклира.
Сите правила и симболи се збунувачки и многу од корисниците на пластична амбалажа не се свесни која е рециклирачка, а која не.
Кое е значењето на седумте симболи во триаголникот?
Пред да започнете со читање, имајте го на ум ова златно правило: ,,Колку е помал бројот во триаголникот, толку подобра амбалажа за рециклажа” .
-
-
PETE (1)
PET или PETE (полиетилен тетрафталат) е најчесто користена пластика за креирање амбалажа кај пијалоци за една употреба бидејќи е евтина, со мала тежина и погодна за рециклирање.
Иако материјалот е со добар потенцијал за рециклажа, сепак останува недоволно рециклирана со процентуална стапка од околу 20% на светско ниво.
Присутна е во амбалажата од: Вода, различни сокови, алкохолни пијалоци, шишиња со раствор за плакнење на уста, амбалажа на путер од кикирики, додатоци за салати и амбалажа на масла за јадење.
Како да ја рециклирате?
Проследете ја до најблискиот пункт за рециклажа или здружение со таа намена, само доколку е празна, неоштетена и чиста.
Освен овој метод може да ја донирате за реупотреба на фарми кои флашираат млеко во домашни услови.
Капачињата се направени од друг материјал, па така при рециклажа, најдобро е истите да се отстранат и фрлат со останатиот отпад.
Немате потреба да ги отстранувате етикетите, тоа се прави при процесот на рециклажа.Во што се рециклира оваа амбалажа?
Најчеста примена наоѓа при изработка на торби за пазарење, ткаенини, мебел, теписи, панели, шишиња и амбалажа за складирање на храна (ова се применува доколку пластиката ги задоволува сите стандарди на чистота и нема присуство штетни материи)
-
HDPE (2)
HDPE (полиетилен со голема густина) е разновидна пластика со многу примени, особено во пакување на производи поради тоа што има мал ризик на продорност (пенетрација) и може да се рециклира во различни работи.
Присутна е во амбалажа од: Млеко и млечни производи, сокови, избелувачи, детергенти и останати препарати за чистење на домаќинството, шампони, одредени кеси за пазарење, моторно масло, кутии од житарки и корнфлекс.
Како да ја рециклирате?
Најчесто се собира преку одредени програми за рециклажа или пунктови на кое е обележано нејзино превземање.
Производи обложени со дополнителна фолија како кеси за пакување и пластични пакувања не се рециклираат, но некои продавници ги собираат па ги рециклираат на поинаков начин.Во што се рециклира оваа амбалажа?
Шишиња за детергент, шишиња за масло, пенкала, контењери за рециклажа, плочки, цевки за проток на вода, клупи, куќички за кучиња, маси за пикник, шампони за кучиња итн. -
PVC-V
PVC(поливинил хлорид) и V(винил хлорид) e цврста и отпорна пластика, па најчесто се користи за заштитни огради и инсталација на цевководи.
Бидејќи е евтина се наоѓа во многу пакувања и производи, но може да резултира со испуштање на опасни диоксини при производство и обработка.
Никогаш немојте да горите пластика со оваа ознака поради ослободување на отровни материи.Присутна е во: Пакувањата на таблети, заштита на каблите, прозори, цевки итн.
Како да ја рециклирате?
Ретко може да се рециклира, но проверете дали во вашата средина има фирма која прифаќа ваква амбалажа за понатамошна преработка.
Во што се рециклира оваа амбалажа?
Подлоги, панели, заштита на автопат, кабли, подлоги итн.
-
LDPE
LDPE (полиетилен со мала густина) флексибилна пластика со многу апликации. Историски не била прифатена во многу програми за рециклажа, но постепено се повеќе општества ја прифаќаат.
Присутна е во: Шишиња кои се притискаат, лабораториска опрема, амбалажа на леб, кеси со смрзната храна, кеси на сув шампон и кеси за пазарење, мебел.
Како да ја рециклирате?
Оваа пластика е потребно да се однесе на одредено место за рециклажа за понатамошна селекција.
Во што се рециклира оваа амбалажа?
Кеси за отпад, корпи за компост, коверти за транспорт, панели, плочки итн. -
PP
PP (полипропилен) има висока точка на топење и поради тоа најчесто се применува како абалажа за топли пијалоци. Почесто е прифатена од компании за рециклажа.
Присутна е во: Некои пакувања на јогурт, сирупи и медицински шишенца, капачиња, пластични цевки.
Како да ја рециклирате?
Може да се рециклира на посебни места за таа намена, но претходно да биде амбалажата исчистена.
Во што се рециклира оваа амбалажа?
Сигнални сијалици, батериски кабли, метли, четки, кабли за заклучување на велосипеди, корпи за отпадоци итн.
-
PS
PS (полистирен) може да биде во форма на цврсти или пенливи производи и често е препознатлива под името стиропор.
Мономерите на стиренот може да навлезат во храната и во тој случај имаат канцерогени карактеристики, додека стирен оксидот е класифициран како очигледен канцероген.
Долго време материјалот беше на црна листа за непочитување на природата и загадување на животната средина бидејќи е тежок за рециклажа, па најчесто не е прифатен во рециклажни пунктови.
Присуство: Чинии и чаши за една употреба, амбалажа за месо, картони за јајца, шишиња за аспирин итн.
Како да ја рециклирате?
Најчесто не се прифаќа оваа амбалажа за рециклажа како ригидна пластика, додека се препорачува за онаа во форма на пена да биде скршена на повеќе парчиња и потоа да биде фрлена како компактна и врзана во кеса
Во што се рециклира оваа амбалажа?
Изолатори, табли за светлосни прекидачи, воздушни паковања, садови за пренос на намирници итн. -
Амбалажа која не припаѓа на ниту една од набројаните категории
Голем дел од пластичната амбалажа не е дел од претходните категории и поради тоа влегува во оваа општа поделба.
Поликарвонатите се пластика број седум, која е со сигурност цврста пластика која навистина предизвикува загрижување особено кај родителите поради студии кои докажуваат дека присуството на BPA може да доведе до хормонски дисбаланс.
(PLA)Полилактичната киселина која се произведува од растенијата, е јаглеродно неутрална и припаѓа во оваа категорија.Присуство: Големи боци со вода, материјали кои се отпорни на куршуми, очила за сонце, ДВД, футроли за iPod и компјутер, знаци, одредени амбалажи за храна.
Како да ја рециклирате?
Оваа пластика традиционално не подлежи на резиклажа, па поради тоа не очекувајте дека некој ќе ја прифати.
Најдобро е да се консултирате со надлежните на вашата општина за исфрлање на отпад од ваков карактер.Во што се рециклира оваа амбалажа?
Пластични градбени блокови и одредена самостојно изработена амбалажаНАПОМЕНА:
Авторот има исклучиво материјално право да го користи своето дело и да дозволува или забранува користење на делото за: издавање, репродукција,дистрибуција вклучувајќи и изнајмување.
Секое прекршување на авторското право ќе биде пријавено и ќе се постапува согласно законот.
-