Graecoanatolica macedoniсa – ендемит за Дојранското Езеро

335
Фотографија направена од истражувачи биолози на ПМФ

Дојранското езеро претставува еутрофно езеро кое се наоѓа во југоисточниот дел на Р.Македонија.

Поимот еутрофикација означува стареење на водените екосистеми т.е зголемено ниво на хранливи материи поради човечко (антропогено) делување или биолошко – споро делување.

Зголемената концентрација на хранливи материи има за последица зголемување на биомасата на екосистемот.

Во овие услови, многу побрзо се прави создавањето на органска материја, а на сметка на тоа се успорува процесот на минерализација и количина на материи се таложи на дното на водата.

Поради зголемената концентрација на хранливи материи, голем број на растителниот свет започнува брзо да се размножува, со акцент на алгите, чија густина може да достигне и до милион на cm3

За да се разложат органските материи се троши многу кислород, поради што се намалува нивото на растворен кислород во водата потребен за да опстанат организми зависни од него како што се рибите.

Во изминатите триесетина години, Дојранското езеро претрпува многубројни промени како што се и одливање на големи количини на вода од езерото, па еутрофикацијата е на се поголемо ниво и резултира со губење на голем број ендемски видови, а еден од нив е и Graecoanatolica macedonica.

Ендемичен слатководен полжав 

Апликативната алгологија зазема посебно место во научните проекти, а таков е и проектот ,,Оценка на ендемичниот слатководен полжав во Дојранското езеро – популациски статус, закани и конзервациски мерки”  преку акватичниот полжав Graecoanatolica macedonica. 

Тимот предводен од проф д-р Валентина Славевска – Стаменковиќ и проф. д-р Светислав Крстиќ, заедно со група студенти од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје успева да нотира празни черупки на G. macedonica во 2015 година во рамките на проектот имплементиран од Регионалниот Центар за Животна Средина,

Овој вид кој претставува ендемит за езерото, во периодот од 1992-2001, како последица на намалување на нивото на водата во 1970 г.  бил класифициран како исчезнат на глобалната IUCN Црвена листа на загрозени видови. 

Теренските активности во рамките на проектот “Оценка на конзервацискиот статус на еден ендемичен слатководен полжав во Дојранско езеро – популациски статус, закани и конзервациски мерки” започнале на 29.06.2020, а првата теренска посета опфатила селекција и колекционирање од 12 мерни места во езерото, вклучувајќи го и локалитетот Калдрма кој претставува типски локалитет од каде за прв пат бил опишан Graecoanatolica macedoniсa – ендемит за Дојранското Езеро.

Просечна големина на примероците од езерото

Целта на теренските активности е пронаоѓање на живи примероци од овој вид преку нивна детална анализа за да се потврди присуство на ткива во черупките на полжавите.

Начинот на анализирање на примероците е навистина исцрпувачки, но резултатите кои се добиваат при вакви истражувања се секогаш во интерес на доброто за животната средина.

Анализа на материјал под микроскоп и бинокулар и потрага по живо ткиво во черупките

Во текот на собирање на материјал на теренските проби, детектирани се и други видови кои се значајни за екосистемот: Anodonta cygnea (слатководна школка) и  Pseudobithynia ambrakis (слатководен полжав).

 

Сите информации и фотографии за проектот се превземени од профилот:

Assessment of an Endemic Freshwater Snail in Dojran Lake – new hope

 

ПретходнаГрешки по купување ново растение
СледнаСимболи на пластична амбалажа
Силвана Стефановски
Дипломиран биохемиски инженер и сопственик на првата инстаграм страница која нуди едукација во областа на одгледување растенија @silvsplants. Главен и одговорен уредник на www.botanico.mk