
Нашата потрага по интересна Зелена приказна застана кај младиот Бубе кој ни раскажа како неговото секојдневие е исполнето со уметност, животни и растенија, а ние со нетрпение чекаме да ви ја раскажеме за и вие да ја доживеете.
Како млад човек, колку сметаш дека е важна љубовта кон природата?
Природата треба да ја чуваме и негуваме, да ја штитиме и да не ја уништуваме.
Таа бара љубов и внимание, а ни возвраќа со чист воздух и здрава животна средина. Убаво е кога ке одиме во природа на прошетка и ќе видеме разеленети дрвја, расцутени цвекиња, зелена трева и животни кои трчат низ убавините на природата , да уживаме во песната на птиците , а милиони пчелки да збираат мед од цвет на цвет, тоа е убавината на природата.
Може ли да ни опишеш еден твој ден во природа?
Јас многу често престојувам во природа. Имаме Пчеларник во село Подлес, под планината Клепа и секој викенд , а некогаш и преку недела сум таму и му помагам на мојот татко околу пчелите.
Многу ги сакам и животните, таму чувам куче шарпланинец, а имаме и неколку мачиња. Обавезно два пати во денот го шетам шарпланинецот , ги хранам мачињата.
Јас се грижам за цвеќињата на пчеларникот, и дрвцата кои ги имаме таму, па така цел ден сум активен, тоа ме прави среќен и уживам кога сум во природа.
Кои се твоите омилени растенија?
Сите цвеќиња и растенија ми се омилени, но можам да ги издвојам Цикламите, Далиите и кактусите, од нив имам најмногу и од сите видови и бои.
На нашиот пчеларник нема што нема од цвеќиња. Имаме најмногу од Далиите , тие се прекрасни и во разни бои. Кога ќе расцветаат , пчеларникот изгледа како цветна бајка.
Дома ги имам скоро сите кактуси , тие исто имаат многу убави цветови кои за жал траат само два дена , но сепак е вистинско уживање кога ќе расцветаат.
Видовме дека познаваш многу интересен начин на размножување на Цикламите, може ли да ни го објасниш?
Да, секако на Цикламите не им треба многу често вода. После првото полевање можат и до десет дена без вода ако се чуваат во внатрешна просторија, а кога се надвор летно време вода им ставам вода еднаш во четири дена и потоа ги оставам на полусенка . Кога ќе им заврши цветањето на цикламите тоа значи дека почнале веќе да создаваат свои пупки.
Кога ќе се исуши пупката внатре има семки. Ливчињата од старите Циклами иако се суштат следната година повторно формираат нови ливчиња од кои повторно може да се добие цвет.
Најважно е пупката од цветовите убаво да се исуши, не смее да се кинем треба да се остави така самата да падне и кога ке се отвори пупката внатре има многу семки за размножување . Семчињата ги собирам , и во Јануари ги садам во пластична кутија ставам земја и хумус мешано и прскам со вода, а потоа го затворам капакот и поверувам дали е суво. Важно е земјата да се одржува влажна и да се прска секогаш кога ќе се исуши.
Местоположбата треба да е на сонце каде има топлина и периодот до излез на нови растенија е 2-3 месеци.
Кога ќе пораснат до капакот на кутијата ги пресадувам во пластични канчиња и ги оставам надвор да пораснат , па потоа ги расадувам во убави саксии.
Прекрасно е чувството кога гледаш како никнуваат коренчиња на нови Циклами, и кога ќе се развие во убава Циклама и ќе расцвета во прекрасни убави цветови во разни бои.
Кој е Бубе и како го опишуваат најблиските?
За мене секогаш има пофални зборови. Сакам со сите да бидам пријател, да разменуваме искуства околу цвеќиња, животни , или било на која тема да разговараме.
Многу луѓе ме препознаваат од социјалните мрежи ,бидеејќи сум активен во групата ДВОРЧЕТО, и на мојот фб профил.
Знам да бидам голем пријател , исто така сум и голем хуманист, бидејќи знам како е кога на некој му треба голема помош,сум го осетил тоа и на своја кожа.
Сакам да цртам и можам да се пофалам со навистина убави слики кои со голема љубов ги сликам за себе и за луѓето кои ги сакам.
Порака која сакаш да ја споделиш со читателите на тема екологија?
Екологијата е срцето на природата. Треба да ја чуваме природата, за да имаме чист воздух, природна чиста вода и здрава почва.
Секое дрво, секое цвеќе што ќе го засадиме, е чекор кон поубава природа.
Моја порака е : ајде заедно да бидеме гласот на природата и да создадеме зелена убава иднина за сите генерации што доаѓаат, бидејќи природата ни дава живот , а ние треба да и вратиме со љубов и голема почит.