
Веруваме дека многу од Вас ја имаат истата љубов како онаа која ќе ви ја раскажеме денес – приказната на Лепа и нејзините миленички Орхидеите.
Која е Лепа и зошто Орхидеи?
Лепа како дете порасна во пластениците со цвеќиња на родителите , како тинејџерка ја обожаваше природата, а скоро една деценија е заљубена во најженственото цвеќе Орхидеја. ️
Првите неколку Орхидеи ми ги подари сопругот за некои наши важни датуми. И толку беше, за првата ми беше страв како ќе ја чувам, но за неполн месец кога ја добив и втората ,знаев дека љубовта е родена.
Колку голема улога има просторот во кој се чува растението?
Сметам дека условите во кои се чува орхидеата игра клучна улога. Светлината и топлината се многу поважни , отколку сите прихани кои се наменети за нив.
Ако им е погодено местото со зачинот љубов, тогаш и само со вода ќе бидат најраскошните орхидеи.
Како би ги опишала Орхидеите?
Орхидеата ми е синоним цвеќе за една жена, затоа што баш ја опишува жената, елегантна, убава, кревка а јака, истрајна и моќна.
Што е најголемиот проблем кој може да се појави кај една Орхидеја?
Ништо полошо од скапување на коренот и мувлата.
Постојат препарати за штетници со кои можеби ќе се спаси Орхидеата, но ако веќе ја има зафатено гнилеж, тогаш е многу потешко да се спаси.
Знаеме дека помагаш во делот на пресадување, колку Орхидеи минале низ твои раце?
Да, веќе две години постои профилот (иако и предходно го правев истото на познаници) и ми носат на ‘третмани’ и тоа од цела Македонија.
Не бројам веќе, оддамна е помината бројката 1000.
Кои растенија би ги чувала, кога тоа не би биле Орхидеи?
Јас имам и многу други цвеќиња во мојот дом, Замии, Бенџамин, имам расадено пет Спатифилиуми, Алокасијата ми е фаворит во последно време.
Неостварена желба поврзана со ова хоби?
Желбата и планот ми е да отворам специјализирана продавница со разни видови на Орхидеи, со се што треба во неа.
За крај, може ли да наброиш три сличности кои ги имаш со Орхидеите?
Веќе ги спомнав, убавина, истрајност и нежност.