Ботаничка градина – зелен раскош во скопското сивило

406
Ботаничка градина

Ботаничка градина во Скопје 

Дали знаевте дека во главниот град на нашата држава, постои ова зелено место во кое се собрани преку 450 видови на тревести, грмушести и дрвенести растенија кои се наоѓаат во надворешниот дел, но и со многу други ретки ендемични видови од македонската флора кои се распределени зависно потребите кои ги имаат низ просторот кој припаѓа на оваа ботаничка градина.

Ботаничка градина

Оваа градина постои 71 година, а истата е под раководство на ПМФ, а во моментов со неа раководи професор д-р Рената Ќуштеревска и М-р Цветанка Цветкоска со тимот вработени.

Освен што се трудат да ги сочуваат и негуваат растенијата кои се дел од оваа градина, тимот постојано учествува на проекти и работи на колекционирање и заштита на ендемични видови карактеристични за ова поднебје.

СТРУКТУРА

Ботаничката градина има еден голем стакленик во којшто се наоѓаат огромен број на тропски и суптропски растенија, а е и просторија за изведување на научни работилници за деца од основните училишта, но и студентите од факултетот.

растенија во градината

Покрај големиот стакленик, има и мал стакленик, како и објект за аклиматизација на ретки и ендемични растенија, но и за зачувување на биодиверзитетот и автохтоната вегетација од овие простори

Покрај сите овие работи, има и три оранжерии и објект за лековити ароматични и зачински растенија.

Во надворешениот простор има отворен објект кој служи за предавања и едукација во потоплите денови.

Едукативно катче

 

ОТВОРЕНОСТ ЗА ПОСЕТИТЕЛИ

Ботаничката градина е отворена за посетители и групи со претходна најава.

Вработените сметаат дека е место со голем туристички потенцијал, но е навистина малку експонирана и е потребно многу повеќе да се инвестира како во материјал, така и во работна сила, бидејќи со зголемувањето на проектите и активностите, времето за сработување на основните работни задачи се крати, а најмногу трпи живиот свет – растенијата.

Во прилог оставаме да погледнете фотографии од оваа рајска градина и да посакате уште утре да ја посетите.

 

 

 

НАПОМЕНА:
Авторот има исклучиво материјално право да го користи своето дело и да дозволува или забранува користење на делото за: издавање, репродукција,дистрибуција вклучувајќи и изнајмување.
Секое прекршување на авторското право ќе биде пријавено и ќе се постапува согласно законот.
ПретходнаФасцинантна колекција кактуси на Павел Мише – Cactus Father
СледнаРачно изработени саксии
Силвана Стефановски
Дипломиран биохемиски инженер и сопственик на првата инстаграм страница која нуди едукација во областа на одгледување растенија @silvsplants. Главен и одговорен уредник на www.botanico.mk