Во потрага по колекционери, наидовме на Емилија која ни го задржа вниманието со својата зелена просторија и фантастични видови на растенија со одличен изглед.
Прочитајте ја нејзината приказна и уверете се дека навистина вредеше да се сподели.
Здраво Емилија, според фотографиите на вашиот профил можеме да кажеме дека вашата колекција е навистина голема, колку време одгледувате растенија?
Со одгледување растенија се занимавам од својата младост, во последниве осум години поинтензивно откако се преселив во куќа со двор.
Која е најчестата грешка што се прави при одгледување на растенија?
Најчеста грешка при одгледувањето на растенија е што се бираат растенија по убавина, не се внимава дали растението може да се адаптира на околината, се водиме импулсивно не размислувајќи дали и колку знаеме истото да го одгледуваме.
Најчеста грешка во одгледувањето на растенијата е користење на многу вода и често наводнување и грешно позиционирање на растението во просторот.
Кога би требало да изберете еден род или фамилија на растенија кои би ги одгледувале, кои би биле тие и зошто?
“Плантер” (одгледувач на растенија) многу тешко ќе ви одговори на ова прашање, но еве ќе ги издвојам Папратите бидејќи со нив се осеќам како да сум во шума, премногу се свежи многу сакаат внимание, тешки се за одгледување и ми претставуваат голем предизвик
Кој е најстариот примерок во вашата колекција и колку долго го имате?
Најстар примерок во мојата колекција е Pоnytail Palm – Nolina растението го имам и го одгледувам веќе 20 години.
Колку често купувате нови растенија?
Не купувам многу често
Опишете ги накратко обврските кои ги имате околу растенијата? Која е вашата рутина?
Секојдневен мониторинг, ги разгледувам детално, ги наводнувам зависно од сезоната. Секојдневна рутина ми е 10 минутно разгледување на сите.
Дали имате растение кое подолго време го посакувате? Кое е тоа?
Да имам, тоа се Monstera Albo и Monstera Tai ги посакувам подолго време, се продаваат резници, меѓутоа сакам да најдам убаво возрасно растение
Ви благодариме на одвоеното време и споделената Зелена приказна, се надеваме ќе бидете мотивација нашите читатели да започнат да одгледуваат повеќе растенија.